За мене, детокс водата е врв, бидејќи не можам да пијам чиста вода и секогаш пијам нездрави сокови преполни со шеќери. Овошјето во детокс водата прави да има поубав вкус. На тој начин имам чувство дека пијам сок, а всушност пијам вода полна со витамини.
Во оваа комбинација пробав лимони, јагоди и боровинки. Во мојот последен пост за Детокс вода пробав комбинација од краставица и боровинка. Исто така може да додадете нане, портокали па дури и цимет.
Не заборавајте да пиете доволно вода и (барем пробајте) да јадете поздраво за време на овој празничен период.
Која е Вашата омилена детокс комбинација?


