Многу да сакаш кармини и не е баш добро нешто, бидејќи на крај купуваш многу слични неутрални кармини. Но ако професионален зависник од кармини како мене, ќе можете да ги видите дека не се исти и дека разликата е огромна.
Во мојата последна посета на ДМ налетав на пунктот на Римел, и најдов многу убави кармини. Чудното во оваа случка е бидејќи Римел имаат многу добри кармини и најчесто се продадени сите. Едниот кармин е Кејт Мос во нијанса 08 и има мала доза на розевост во него. Додека другиот има потопли, портокалово-кафени подтонови.
Двата кармини се доста слични но сепак различни. Разликата е забележлива откако ќе ги нанесете.
Ја обожавам текстурата бидејќи е доста кремаста и не ги суши усните. Мирисот на кокос е само цреша на врвот.



