Saturday, March 26, 2016
Easter Cookies | Despina
Здраво дечки! Ни се ближи Велигден! За таа чест одлучив да направам Виножито колачиња кои се прелесни да се направат! Мислам дека се најлесните колачиња на цел свет, едноставно не може да утнете. Верувајте ми, бидејќи уште од првиот пат кога ги правев излегоа супер. Затоа, повелете рецепт како да ги направите.
Ќе ви бидат потребни:
125 гр. шеќер
125 гр. путер
1 јајце
1 ванилин шеќер
225 гр. брашно
Чоколадо / шарени трошки / било каква декорација
Започнете со матење на шеќерот и путерот со миксер. Путерот треба да биде на собна температура, бидејќи полесно ќе се меша со шеќерот. Доколку имате проблем и состојките не се мешаат добро, ставете малку млеко, но само малку за да не стане претечна смесата. Потоа додадете го јајцето и ванилиниот шеќер (може да користите и екстракт од ванила). Матете со миксер. Потоа постепено додадете го брашното, мешајќи ја смесата со (дрвена) лажица. Откако сте готови, започнува забавниот дел. Може да додадете во смесата парчиња чоколадо, трошки или што и да посакате. За да имате совршена големина, користете лажица за сладолед. Не заборавајте да ставите хартија за печење за да не се залепат колачињата. Печете на 190 степени околу 10 минути. Оставете малку да се оладат и потоа извадете ги од садот за печење.
Толку! Ова се моите најомилени колачиња и многу се лесни за правење. Имајте убав Велиген!

