Здраво дечки! Средувајќи си ги шминките, видов дека имам неотворена течна пудра од Max Factor. Одлучив да ја пробам и да ви го кажам моето мислење за неа.
Првично, течната пудра е 15 евра, или околку 900 денари. Постојат 8 нијанси, а Max Factor ми испратија во нијансата Natural, што е малку посветла за мојата кожа, но успеав некако да ја приспособам. Има и СПФ 20, што е секогаш бонус.
Ја нанесов пудрата со прсти, за да видам колку лесно се нанесува. Исто така, забележав дека пишуваше дека е за секој вид на кожа. Јас имам комбинирана кожа, мрсна кожа на Т зоната (чело, нос и брада) и суви образи, иако и малиот дел околу веѓите е исто така сув. Така да пудрата би требало да одговара!
Нанесувањето е малку тешко, бидејќи остава линии и не се размачкува добро. А по многу краток период пудрата се суши и почнува да се рони.

Исто така, пишува дека е основа, коректор и течна пудра, 3 во 1. Хм, не баш. Претходно ставив дневна крема, и сум многу среќна што ставив бидејќи ќе настанеше сува катастрофа. Внимавав многу ставајќи ја пудрата на сувите делови. Дефинитивно не ја препорачувам за луѓе со сува па дури и со нормална кожа.
Во врска со делот за коректорот, не покрива баш многу. Ги покри некои лузни но морав да ставам многу пудра на тие делови. За целото лице користев 6-7 испумпувања што мислам дека е премногу за еден дел од секојдневна шминка.
Откако ќе се впие, финишот изгледа океј. Пудрата ми траеше 6 часа, но после 4-тиот час забележав дека се згрутнува и беше избришана целосно околу носот.
Конечната оценка би била 5 од 10, бидејќи имав големи очекувања кои всушност беа разочарувања.

Сте ја пробале оваа течна пудра? Кои се Вашите мислења?