Некако, барајќи меѓу скапите тоалетни води, налетав на овие парфеми. Иако се во помала амбалажа, навистина траат. Овие парфема беа индивидуално 9 евра, а поголемата големина (побарав на нет) чини 50 евра. Според мене, цената е супер.
Немаат овошен мирис, но истотака немаат длабоки ноти. Го има тој мал шарм на софистицираност. Ми се допаѓа што ги има во помали шишенца кои може да ги носите со себе во малечка чанта. Но сепак не се премали, за да мора постојано да ги полните бидејќи се испразниле по неколку користења.
Севкупно, оценката за овој парфем би била дефинитивно 10/10. Мислам дека одговараат на сечии вкусови. Постојат две варијанти Cat Deluxe и Cat Deluxe Night (има појак и поостар мирис, супер за навечер). Всушност со овие две шишенца сте опремени и ден и ноќ.
Дали сте го пробале овој парфем?


