Водење дневник е навистина интересно, но веќе немаме навика да запишуваме нели? Ја видов идејава и ми се чинеше баш интересна, на нов начин како да го опишеме денот во една реченица. Со посветување на малку време, создаваме спомени кои ќе не потсетат на овие денови.
Доколку имате напишано слична објава, слободно впишете ја во коментарите. Или можеби ќе се одлучите и Вие да напишете по една реченица за секој ден!
се надевам дека ќе уживате читајќи за мојот изминат месец!
03/01 - Помина една година откако работам во мојата фирма, конечно си ја обожавам својата работа!
03/02 - Добро-поминат ден со моето семејство и работејќи на мојот блог.
03/03 - Понекогаш едноставно мораш да го посветиш своето попладне на машината за перење алишта!
03/04 - Може да го поминам денот гушкајќи интересна книга?
03/05 - Видете го моето ново столче!
03/06 - Deep talks со мама пред спиење. <3
03/07 - Недела е за семејството.
03/08 - Имам нови чаши за вино, така да морам да се напијам вино!
03/09 - Уште еден ден поминат во канцеларија.
03/10 - Време е за повторување на руските лекции.
03/11 - Чистење, перење и бришење пред да се опуштиме за викендот.
03/12 - Се ќе биде океј.
03/13 - Пица и вино?
03/14 - Фамилијарна недела.
03/15 - Ја изгледав Bridgerton! (ми лајки)
03/16 - Фотосесија на мојот стан, наскоро следува цела статија!
03/17 - Editing, editing and more editing!
03/18 - Колку грозно ќе изгледам на новата лична карта.
03/19 - Quo Vadis, Aida заслужува Оскар!
03/20 - Мислам дека пак почнав да се опседнувам со Бен Барнс. хихи
03/21 - Чистка низ станот.
03/22 - Како може да помине понеделник, ако не исполнет со обврски?
03/23 - Си создавам џунгла во станот.
03/24 - Си купив нови работи од Базаро, треба да престанам да трошам пари.
03/25 - Абе, видов најубаво маченце!
03/26 - Напорен ден на работа.
03/27 - Мала забава со најблиските.
03/28 - Среќен ми роденден!
03/29 - Ќе ми се свиѓа the Queen's Gambit?
03/30 - Ајде да читаме книги.
03/31 - Зарем стигна април???


