Иако имаат прекрасни (и скоро сите можни) нијанси на кармини, Golden Rose издадоа колекција на кармини во nude нијанси. Во колекцијата има три кармини, односно 3 бои. На прв поглед изгледаат многу слични, меѓутоа мене и мислам дека на секоја девојка, овие кармини се целосно различни.
01 Coral Nude - Најнеутрална nude нијанса од целата колекција. Во точно умерен сооднос за розеви и кафени подтонови. Можеби поради тоа овој кармин ми стана најчесто користен во последно време. Дефинитивно мојот go-to кармин!
02 Peachy Nude - Навидум делува на nude суптилна нијанса, но бидејќи сум многу бледа, овој кармин ми делува многу темен. Пак се смета за боја на кожа меѓутоа се истакнува. Сите кармини се мат па затоа откако ќе се исушат се вистински дупликати за сите Kylie Jenner кармини.
03 Pinky Nude - Иако почесто го користам бр. 01, овој ми е дефинитивно омилен. Делува на многу суптилна розева нијанса, нијанса која опишува вистинска боја на усни.
Кој е вашиот омилен кармин?



