Можеби е поради постојаното носење на заштитни маски, можеби е поради промената на температура. Поради некоја причина, во последниов период имав многу акни во пределот под усните, на брадата или во делот кај вилицата. Многу луѓе ги асоцираат на хормонски исфрлања за кои, реално, јас ништо не знам. Не знам како да ги третирам, не знам како да ги спречам да се појават и слично. За мене единствена алтернатива беше да се потпрам на природната козметика која знам дека отсекогаш ми помагала.
Најпрво пред ставање било која крема, потребен е одличен чистач на лице. Мојата кожа е комбинирана, и понекогаш чувствувам дека одредени делови од лицето се помасни и предизвикуваат акни. И навистина е едноставно. Потребно е што е можно почесто да се одржува лицето чисто и свежо. На тој начин се намалуваат и лузните кои остануваат дооолго на лицето.

По сугестија на вработените во Lush Cosmetics (секогаш се прељубезни, и знаат да помогнат за секој проблем, секоја чест), го земав и тоникот за лице Eau Roma Water. Содржи ружина вода и вода од лаванда, две состојки кои смируваат и го намалуваат црвенилото. Мирисот на лаванда секогаш ме тера да претерам со прскање. Навистина не зажалив за изборот.
* Друга комбинација со Herbalism-от е the Vanishing Cream. Доколку преферирате крема повеќе од тоник. тогаш оваа комбинација е топло препорачана.
Овие два производи се дел од мојата есенска рутина, бидејќи имаат моќ на чистачи за лице, а исто така есенцијалните масла кои ги содржат не ја оставаат кожата сува во овој поладен период. И јас и мојата кожа сме преблагодарни бидејќи имаме прекрасен бренд достапен во нашата земја. Totally worth it!