Sunday, September 6, 2020

Balea Clarifying Wash Gel | Cleansing Scrub


И покрај тоа што наскоро следува мојата Есенска рутина за грижа на лицето, сепак сакав да посветам посебно внимание на овој продукт, бидејќи навистина заслужува!

Пилингот за лице е основен кога станува збор за било која сезона - лето, пролет, есен или зима. Јас имам комбинирана кожа, на некои делови е масна а други делови е сува и трошлива. Поради тоа, одбегнував разни продукти кои содржат масла во нив. Доколку имате иста кожа како мојата, Ви препорачувам да барате производи кои се базирани на вода, исто како овој продукт тука!

Овој пилинг е дефинитивно, еден од најдобрите производи кои сум ги користела на мојата кожа. Сега немам акни или црвенила на лицето како што имав порано пред неколку години. Но сепак е важно да се одржува. Овој чистач на лице длабински ја чисти кожата притоа ја остава мека и нежна.

Мирисот исто така е бонус, барем за мене. Обожавам свежи мириси на лимон и лимета. Некои луѓе го гледаат овој мирис одбивно, но за мене е генијално. Пилингот се користи два пати на ден, наутро и навечер. Па затоа се чувствувам свежа секогаш по користењето - без разлика дали го започнувам денот или се подготвувам за спиење. 

Цената е предобро ниска, и поради тоа пилингов е достапен за секој купувач. Балеа отсекогаш имале супер цени и предобар квалитет - секоја чест!
Навистина, го препорачувам овој производ со цело срце. Дури и на сите луѓе околу мене им имам кажано колку сум презадоволна од одличните резултати. Од истата колеција, Балеа имаат и маска за одлепување, како и други производи за лице со истиот мирис на лимон и лимета. Бидејќи е дел од нивната редовна линија, се надевам дека нема да престанат да ги произведуваат.

Дали сте го пробале овој производ? Доколку имате Ваши мислења и критики, споделете ги во коментарите или на другите социјални мрежи.

LinkWithin

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...

Latest Instagrams

© Despina. Design by Fearne.