Во лето е најлесно да се ослободиме од токсините од нашето тело. Исто така, во лето има многу видови овошја и зеленчуци, и доколку не сакате да ги јадете може да ги искористите да направите детокс вода!
Едноставно е најпростото нешто - ставете големи парчиња овошје или зеленчук во голем бокал или шише. Потоа дополнете со вода. Обична, неминерална вода. Најтешкиот дел ќе биде да почекате малку за сите витамини да се префрлат во водата.
Во последно време, почнав да го детоксирам своето тело, почнав да јадам поздраво, но исто така треба да пијам и повеќе вода. Искрено, не сум личност која постојано пие вода. Повеќе преферирам сокови и смутиња. Но детокс водата го смени моето мислење, бидејќи има вкус како сок но не е преполна со лоши шеќери. Првата варијанта ја започнав со растенија полни со свежина. Ставив боровинки и краставица. По кратко време смени боја во розево, заради боровинките.
Во иднина сакам да постирам различни комбинации на детокс води, воедно и ќе правам апдејт на моето мислење.


